Правила

1. Со испраќање на идеја на МојаБизнисИдеја, Вие ја испраќате на јавно достапна база на податоци. Тоа значи дека секој е слободен да ја користи без ваша дозвола, вклучувајќи нејзина комерцијализација.

2. АКО ПЛАНИРАТЕ ДА ЗАРАБОТИТЕ ОД ВАШАТА ИДЕЈА ИЛИ ИНОВАЦИЈА ОТКРИЈТЕ ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО СМЕТАТЕ ДЕКА НЕМА ДА И НАШТЕТИ НА ВАШАТА ИДЕЈА.

3. Знајте дека ако некои друг ја реализира Вашата идеја немате право на компензација. Tешко би докажале дека реализацијата се заснова баш на вашата идеја. Имајте на ум дека на планетава не’ имa 7 милијарди, така да е веројатно и некој друг да има слична идеја на Вашата.

4. Доколку сакате да имате авторски права на вашата идеја или иновација (што повлекува право на компензација) претходно заштите jа или патентирајте jа кај надлежниот државен орган (Државниот завод за индустриска сопственост http://www.ippo.gov.mk).

5. Забрането е испраќање на содржини кои повикуваат на насилство, нетолеранција или содржат експлицитни сексуални содржини или други содржини забранети со закон.

6. Ако искористите некоја идеја од овој веб портал покажете фер плеј. Спомнете го тоа и заблагодарете му се на авторот и на МојаБизнисИдеја порталот.

7. Вашите податоци кои ќе ги внесете при регистрацијата се безбедни. МојаБизснисИдеја се обврзува дека нема да ги споделува со никој, ниту ќе ги користи за рекламни кампањи или испраќа несакани e-mail пораки до Вас.

8. МојаБизнисИдеја го задржува правото да одлучи која идеја ќе ја објави, а која не. Пред да биде објавена идејата треба да биде одобрена од модераторот.

9. МојаБизнисИдеја не сноси никаква одговорност за последиците што би настанале од користењето на објавените идеи, вклучувајќи но не ограничувајќи се’ на повредите на авторските права.

10. Доколку на било кој начин забележите нерегуларности или се почувствувате нелагодно заради објавените содржини Ве молиме веднаш информирајте го администраторот на bsc@bscbitola.org

Напишете коментар

МојаБизнисИдеја © 2013