5. Внесување на оценувачи

Последен чекор во дефинирањето на проектот е внесување на податоци за оценувачите – експерти на кои претходно им бил испратен да го проучат материјалот кој го оценуваат.

За внесување на податоците на оценувачите се користи јазичето Оценувачи и се кликнува на Креирај нов.

Се внесуваат податоците за оценувачот и неговиот ранг. Со рангот на оценувачот се зема во вид факторот Важност на мислењето на одреден експерт. Доколку мислењето на некој експерт ни е поважно од мислењето на другите му доделуваме повисок ранг. Оценувач со ранг 1 најповеќе влијае во крајната оценка. Оценувач со ранг 5 најмалку влијае во крајната оценка.

Откако ќе ги внесиме податоците за оценувачот клинуваме на Зачувај. Оваа постапка ја повторуваме за секој оценувач.

Потоа со кликнување на иконата Испрати E-mail му испраќаме на оценувачот покана и соодветен линк да го евалуира проектот.

Од табелата со оценувачи администраторот има увид во секое време дали оценувачите ги имаат предадено своите оценки (колона “Оценил?”).

Напишете коментар

МојаБизнисИдеја © 2013