4. Доделување на тежини на критериумите

Нареден чекор е доделување на тежини на критериумите. Под поимот доделување на тежини се подразбира коефициент кој рефлектира колку одреден критериум ни е важен во донесувањето на крајната одлука. Доколку во донесувањето на одлуката сакаме да влијае повеќе тогаш него му доделуваме поголема тежина (поголем тежински коефицинент). Збирот на тежинските коефициенти на сите критериуми треба да е 1.

Доделувањето на тежински коефициенти може да биде направено на два начини

1)    Преку споредба на парови.

Суштината на овој метод е дека се споредуваат сите критериуми меѓусебно и се наведува колку одреден критериум е поважен во однос на другиот на скала од 1 до 9 во двете насоки (1 означува еднаква важност на двата критериуми)

На пример во нашиот случај, сметаме дека критериумот Енергетска ефикасност е пет пати поважен од критериумот Гаранциски рок, затоа лизгачот го влечиме на бројот пет во правец на Енергетска ефикасност. Со влечењето се менуваат и соодветните коефициенти во матрицата која го дефинира односот помеѓу тежините на критеримуите.

Потоа ја повторуваме истата постапка со другите парови на критериуми. Паровите критериуми кои ги споредуваме со лизгачот ги одбираме од паѓачките менија на лизгачот.

Во нашиот случај наредно е Енергетска ефикасност споредено со Реферантна листа. Сметаме дека Енергетската ефикасност е седум пати побитна од Референтната листа, затоа лизгачот го повлекуваме на бројот 7 во правец на Енергетска ефикасност.

За крај ни останува споредбата помеѓу критеримуите Гарантен рок – Референтна листа. Сметаме дека Рефернтната листа е 2 пати побитна од Гарантниот рок. Ги селектираме овие критериуми од паѓачките менија на лизгачот и лизгачот го повлекуваме на бројот 2 во правец на Референтната листа.

Пред да ја зачуваме матрицата треба да внимаваме на уште една работа, а тоа е конзистентноста на доделувањето тежинси на критериумите. Во нашиот случај е 13,6 % што е недозволено. Максимално дозволениот коефициент на конзистентост е 10%.

Зошто се јавува овој коефициент и што рефлектира? Коефициентот на конзистентноста ја дефинира нашата доследност во одлуките. На пример: во фудбалот ако Тимот А го победи Тимот Б со резултат 5:0 и Тимот Б го победи Тимот В со резултат 3:1, нормално е да очекуваме дека Тимот А ќе го победи Тимот В со висок резултат, значи треба да типуваме дека Тимот А ќе го победи Тимот В со висок резултат. Спротивната претпоставка е неконзистентна со претходните две (навистина во фудбалот се можни изненадувања, но не и во АХП методата).

Во нашиот пример дефиниравме дека Енергетската ефекасност е 5 пати побитна од Гарантниот рок и 7 пати побитна од Референтната листа, од што следува дека Гарантниот рок е побитен од Рефентната листа. Ние внесовме обратно дека Референтната листа е побитна од Гарантниот рок 2 пати и затоа добивме недозволено висок коефициент на конзистентност. Значи ќе треба да го корегираме или односот помеѓу Референтната Листа и Гарантниот рок или да ги ре-дефинираме односте помеѓу Енергетската ефикасност и овие два кротериуми (Референтната Листа и Гарантниот рок). Се одлучуваме да го промениме односот помеѓу Референтната Листа и Гарантниот рок и со лизгачот ставаме еднаква важност помеѓу овие критериуми – следиме дека Конзистентност паѓа на 1,4 % ште во рамките на дозволеното (< 10%).

На крајот со притскање на копчето Зачувај ги зачувуваме доделените тежини.

2) Со дирекно внесување на вредности

Наместо на горниот начин, тежински коефициенти можеме да дефинираме и со директно внесување на вредности со селектирање на копчето Начин на оценување – со Вредности.

Во табелата се внесуваат вредности на тежинскиот коефициент помеѓу 0 и 1 за секој критериум. При тоа збирот на сите внесени тежински коефициенти мора да биде 1.

Во нашиот пример, бидејќи енергетската ефикасност на машината ни е најбитна (бизнис планот покажал дека трошоците за енергија се клучни во трошоците за работење и треба да се што е можно помали ако сакаме да сме конкурентни на пазарот) и доделуваме вредност 0,7, на гарантниот рок 0,1 и на референтната листа 0,2.

Потоа кликнуваме на Зачувај да ги зачуваме внесените коефициенти.

При ваквиот начин на доделување коефициенти конзистентност не се пресметува бидејќи немаме споредуваме на парови.

Кој начин на доделување тежини на критериумите ќе го користиме е наша лична одлука. Иако вториот начин е полесен, првиот начин (со споредба на парови) се смета за поточен. Психолозите утврдиле дека нашата моќ на расудување е поголема кога споредуваме два објекти еден во однос на друг, во однос кога треба да рангираме повеќе.

Во нашиот пример ќе продолжиме со критериумите внесени со првиот начин – споредба на парови.

Визуелизација на доделните тежински коефициенти и нивното влијание во донесувањето на одлуката можеме да направиме ако кликниме на јазичето Анализа при што ќе се појави график во форма на пита во кој прозентуално се прикажани влијанијата (тежините) на критеримуите во донесувањето на одлуката.

Напишете коментар

МојаБизнисИдеја © 2013