Наредно е внесувањето алтернативи. Со оваа операција се весуваат алтернативите помеѓу кои експертите оценувачи можат да бираат. Се внесува името на алтернативата и краток опис.
Во нашиот пример оценувачите можат да бираат помеѓу четири алтернативи – понуди за набавка за сушара. Нормално пред оценувањето на понудите, истите им се испраќаат на оценувачите претходно да ги проучат.
Алтернативите се
- Мајстор Коле – Сушара произведена во локална работилница на Мајстор Коле
- Siemens – Сушара произведена во Германија и директно увезена од Германија
- Цер–Чачак – Сушара произведена во Србија и набавена од нивниот дистрибутер во Македонија
- Кина – Сушара увезена од Кина, директна порачка преку веб портал (alibaba.com).