Следен чекор е да се дефинираат критериумите по кој ќе се оценува проектот и да се внесат алтернативите помеѓу кои ќе се оценува. Тоа го правиме во табот “Проект”.
Со кликнување на копчето “Внеси Критериум” прво ги дефинираме критериумите.
Во примерот што го разгледуваме, инвеститорот сака експертите да ги евалуираат понудите според следните критериуми
- Енергетска ефикасност – потрошувачка на енергија по единица производ.
- Гаранциски рок/ сервисна поддршка.
- Референтна листа на слични инсталации.