Прв чекор по најавата е администраторот да креира проект кој ќе биде оценуван.
Се кликнува на копчето Креирај Нов.
Се појавува формата преку која се креира нов проект.
Се внесува Име на проектот и опис. На пример:
Во примерот што го разгледуваме се однесува на проценка на инвестиција. Локално ново формирано претпријатие започнува со бизнис за откуп и сушење на печурки. Изработило бизнис план кој вклучува набавка на сушара. Врз основа на тоа побарало неколку понуди за набавка на сушара. Инвеститорот треба да донеси одлука која сушара да ја набави, односно која најдобро ги задоволува неговите потреби. За таа цел треба да консултира експерти од областа. Ескпертите треба да дадат мислење која сушара ја препорачуваат врз основа на критериуми кои се важни за инвеститорот. Софтверот МојаБизнисАнализа овозможува објективно да се анализира мислењето на експертите
Откако ке биде дефинирано името на проектот, со кликнување на копчето “Зачувај” продолжуваме со дефинирање на проектот.