Концепт

Ние луѓето сме интелигентни суштества. Нашиот живот не прави интелигентни. Нашиот живот е полн со препреки, но и полн со инспирација. Секоја ситуација во која се наоѓаме, секој проблем со кој се соочуваме го прави нашиот мозок активен – да бара најдобро решение во дадената ситуација. Затоа, нашиот мозок секојдневно генерира безброј идеи и решенија.

Но што се случува со тие нови идеи? Дали ги запишуваме, чуваме или споделуваме? Најверојатно не. Често мислиме дека нашите идеи не се многу важни. Затоа, ги забораваме. Всушност со тоа ги отфрламе. Или уште полошо – ги оставаме на другите, еден ден ТИЕ да сфатат дека има потреба за ова или она, и еден ден ТИЕ да ги реализираат во развој на нов производ, иновација или решение.

Навистина штета! Може да поминат години додека некој друг не добие слична идеја на онаа што Вие веќе сте ја имале. Зошто веднаш да не’ престанеме со занемарување на нашата креативност и почнеме да ги собираме идеите.

МојаБизнисИдеја е слободна и отворена база на податоци за секој што сака да ја сподели својата идеја или секој што има потреба креативна идеја.

Но, зошто некој би сакал да ја сподели својата идеја? Од повеќе корисни причини:

Прво, ако имате идеја врз основа на која сакате да започнете свој бизнис можете да ја изнесете на судот на јавноста – да биде оцената од јавноста (т.н. crowdsourcing). Можете да добиете интересни коментари од другите кои ќе Ви отворат нови видици во реализацијата на Вашата идеја. Нели повеќе глави подобро мислат. Притоа немојте да се грижите дека некој ќе Ви ја украде идејата – никој не ја знае Вашата замисла подобро од Вас. Откријте онолку колку што мислите дека нема да и наштети на реализацијата на Вашата идеја, но доволно да може да добиете (позитивни) реакции од јавноста кои би помогнале во надминување во Вашата анксиозност во поглед на реализацијата на идејата.

Второ, имате идеја но неможете сами да ја реализирате – Ви требаат партнери. Ова е идеално место да ја презентирате својата идеја со цел да најдете потенцијални партнери или инвеститори. Повторно немојте да се грижите дека некој ќе Ви ја украде идејата – никој подобро не ја знае Вашата замисла подобро од Вас. Откријте онолку колку што мислите дека нема да и наштети на реализацијата на Вашата идеја, но доволно да може да добиете (позитивни) реакции од јавноста кои би помогнале во привлекување партнери или инвеститори за реализацијата на идејата.

Трето, имате идеја но не сте заинтересирани да ја преточите во бизнис. Споделете ја со јавноста, на тој начин нема да биде неповратно изгубена. Можеби некој ќе се заинтересира и реализира Вашата идејата, а Вие ќе останете спомнувани како иницијатори на идејата (ќе имате доказ први сте ја обелодениле).

Ако несакате да испратете идеја сега, искористете ги менијата десно да пребарате/разгледате низ испратените идеи. Можеби ќе добиете инспирација да ги подобрите објавените идеи или смислите нова идеја која би можеле да ја претворите во профитабилен бизнис.

При тоа не заборавајте сите да гласате колку Ви се допаѓа некоја идеја и да коментирате на веќе објавените идеи.

Успехот на МојаБизнисИдеја зависи од сите нас!

Напишете коментар

МојаБизнисИдеја © 2013