За да испратите своја идеја на МојаБизнисИдеја претходно треба да се регистрирате. Регистрацијата е брза и едноставна – само внесувате корисничко име и електронска пошта. Исто така можете да се регистриате и со својот Facebook профил.
Со регистрацијата ќе имате целосен увид во вашите идеи, ќе добивате извештај на вашата е-пошта кога некој ќе коментира на вашата идеја, ќе знаете како е оценета вашата идеја итн. Регистрацијата ќе овозможи никој друг да неможе да ги присвои Вашите идеи и постира како негови бидејќи се води запис кога е првпат постирана идејата и од кого е постирана.
За да се регистирате кликнете овде.
Ако сте веќе регистриани, кликнете овде да се најавите.
Со најавата ќе се појави лента со алатки во горниот дел преку која можете да додавате идеи (написи) и коментари, да ги менаџирате вашите написи, да добиете помош итн.
При внесувањето на идејата, истата треба да се категоризира во некоја од понудените категории. Доколку сметате дека идејата припаѓа на повеќе категории, можете да селектирате повеќе категории.
Сите идеи пред да се објават треба да бидат одобрени од модераторот!
Доколку испратените идеи не се во согласност со Правилата за користење го задржуваме правото да не ја објавиме идејата, и да го оневозможиме пристапот до порталот на корисникот кој ги испратил несоодветните содржини.