Успешната реализација на секоја бизнис идеја зависи од умешноста во планирањето и анализирањето на идејата. Успешното планирање вклучува анализа на повеќе варијанти од кои треба да се избери најдобрата.
Изборот на најдобра варијанта (бизнис план, идеја, дизајн, решение и сл.) е високо субјективен процес, во кој вообичаено се консултираат експерти кои треба да го дадат своето мислење кој предлог е најдобар, т.е. да ги рангираат предлозите. При тоа, рангирањето може да се врши по основа на различни критериуми и алтернативи.
Се поставува прашањето кој критериум е поважен, како да се споредуваат алтернативите, како да се комбинираат различните мислења на различните експерти, дали мислењето на сите експерти има еднаква тежина (ни е еднакво важно) итн.
Очигледно сложена задача од множество различни мислења, критериуми и параметри да се извлече една единствена оценка (кој предлог е најдобар) во ќе бидат сублимирани сите фактори.
Софтверот МојаБизнисАнализа нуди извршување на бизнис анализи – оценување на предложени различни решенија, од различни експерти според различни критериуми. Анализите ги извршува според АХП методата (АHP – Analytic Hierarchy Process) еден од најкомплексните и најсовремените методи за групно повеќе атрибутно одлучување.
Нема да бидеме нескромни ако кажеме дека понуденото решение за бизнис анализи според АХП мотодата е единствено во Република Македонија, но и пошироко – едно од ретките јавно достапни вакви решенија на глобално (светско) ниво.
Со софтверот МојаБизнисАнализа она што вообичаено е достапно само на големите светски корпорации, БСЦ-Битола го прави достапно на сите заинтересирани претприемачи.
Повеќе информации за АХП методата, упатство за користење на софтверот и начинот на пристап ќе најдете во соодветните менија на овој портал.